Охрид, 1. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид деновиве го живее шпицот на оваа сезона во ритамот на летото, концерти и забави на сите страни.
Исполнет со гости скоро до последно место, со преполни шеталишта, плоштади, кафе барови и останати угостителски објекти.
И ова лето има шаренолика музичка понуда, која се движи од најголемите фолк и рок ѕвезди од Балканот, преку новите музички ѕвезди кои доаѓаат од соседна Србија, до некои од најголемите Dj имиња во светот.
Синоќа беше забележителен и настапот на старите рокери Рибља Чорба на Антички театар, кои разбудија многу емоции со нивните најголеми хитови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 23