Охрид, 28. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и во четвртиот квартал од 2021 година со негативен природен прираст и тоа повеќе од двојно зголемен споредено со третиот квартал.
Според податоците на Државниот завод за статистика во четвртото тромесечје имало 104 новороденчиња, а починати се 215 лица. Според ова Охрид има природен прираст од – 111.
Споредено со периодот јули – септември се родиле помалку бебиња, а бројката на починати е зголемена.
И во Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 8 бебиња, а починале 10 лица.
Соседна Струга, пак, во последните три месеци од минатата година бележи позитивен прираст 15. Се родиле 131 бебе, а починале 116 лица.
Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 58 двојки, а имало 14 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле дури 112 бракови, а имало 15 разводи. Во Дебрца се склучени четири бракови и не се евидентирани разводи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес