август 2, 2019

Охрид, 2. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот празничен викенд го наполни Охрид со туристи од земјата, но и надвор од неа.

По бурните ноќни забави, прекрасниот сончев ден, со температури над 33. степен, гостите го искористија за ладење во езерските води, на некоја од популарните охридски плажи.

На нив денес се бараше место повеќе, но вистински проблем беше доаѓањето до нив, паркирањето и враќањето до градот.

Image may contain: car, tree, sky and outdoor

Регистрирани се и неколку поситни сообраќајни незгоди, кои уште повеќе го отежнаа одвивањето на сообраќајот.

Слична слика не очекува барем до недела, после што се очекува намалување на бројот на туристите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука