јануари 2, 2017

Охрид, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

ohridvo10januari2Охрид во 10 на 02.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ ќе добие и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

инфо: 02.01.2017 година

– Времето во Охрид беше сончево, попладне со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во Охрид се искачи до 8. степени.

– Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска го посети првото новородено бебе во Охрид за 2017 година, малата Леона, кое се роди на први јануари во 14:00 часот.

– Вториот ден од Новата година, за охриѓани значи голем бериќет. Барем десетина илјади гости, од земјата и светот, уживаат за продолжениот викенд во сончевиот и за овој период од годината топол Охрид.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука