јануари 24, 2015

Охрид, 20. јануари 2015 (ИНПРЕС) – По повод 1.100 годишнината од смртта на Свети Климент Охридски, в година Охрид ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот.

– Постапката е започната во консултации со познати интелектуалци и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја на Охридската академија на хуманизмот, најави претседателот на Академијата Јордан Плевнеш.

Според него, треба да се одбере локација на која ќе биде изграден „Ѕид на хуманизмот“ каде ќе се пишуваат добитниците на Светската награда за хуманизам.

Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на Св. Кирил и Методиј, заштитиниците на Европа и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум, ова меѓународно признание се издигна во светски рамки со престижните добитници кои ја пренесоа славата на Охрид, како словенски Ерусалим на сите Меридијани.

nagradahumanizam

Досегашни добитници на Светската награда за хуманизам што секоја година се доделува во Охрид на празникот Водокрст се: Даисаку Икеда од Јапонија, Маноел де Оливеира од Португалија, Александар Сложеницин од Русија, Рави Шанкар од Индија, Британецот Питер Брук, Вида Огњеновиќ од Србија, Германката Херта Милиер и Светлин Русев од Бугарија. Годинешен лауреат беше Џон Ралстон Сол од Канада. (Крај)

извор: Супер радио фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука