Охрид, 21. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид го дочека првиот ден од летото 2024 со нов облак од прашина и песок од Сахара, кој вчера и денеска е регистрирана во поширокиот регион на градот.
Мерните станици за загаден воздух повторно покажуваа зголемена загаденоста, количината на честичките во воздухот е доволна за да може и визуелно да се забележи и утрово.
Овој феномен е се’ почест последните години, откако сахарска прашина доаѓа во регионот поради зголеменото опустинување во Сахара. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 48