Охрид, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Европските партнери ја започнаа имплементацијата на проектот „Interregional Cultural Heritage Management e- System” (IRC HERMeS) со првата заедничка работна средба која се одржа во Лимасол, Кипар.
На првиот состанок на проектните партнери од општина Охрид присуствуваа Антонио Балески и Ѓорѓи Трпески.
Покрај активностите во согласност со Агендата на оваа работна средба, имаше и своја презентација за Охрид и неговото значење како светско природно и светско културно наследство.
Проектот IRC- HERMeS е дел од програмата Interreg Balkan- Mediterranean на Европската Унија, кој опфаќа пет земји и четири места од УНЕСКО и тоа: Охрид од Македонија, Крф и Самос од Грција и Ѓирокастра од Албанија. Водечки партнер на проектот е Универзитетот за технологија од Кипар. Партнери во проектот се општините Охрид, Крф, Самос, Ѓирокастра, како и истражувачки центар од Атина и организација за култура.
Главна цел на проектот е дигитализација на културното наследство, промоција на културното наследство, развој на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. (Крај)
извор/фото: општина Охрид