Македонија денеска го празнува 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба во чест на сите револуционери кои се вградија себеси во ослободителната кауза на Македонскиот народ.
Овој ден што се одбележува како празник уште од 2007 година го симболизира континуитетот на Македонскиот народ во борбата за слобода и конечна независност.
По овој повод, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа свечена културно-уметничка програма.
На 23. Октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи – Николов во Солун е формиран македонскиот револуционерен комитет. Негови основоположници биле: д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.
Денешниот празник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Супер радио/А.Р.