Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Охрид градот на светлината“ е насловот на новиот филм на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски.
– Филмот е во 5 епизоди (од праисторија до денес) и секоја епизода раскажѕва за различен временски период од историскиот континуитет на живеење во градот Охрид. Автори на сценаријата се: Проф. Д-р. Вера Битракова-Грозданова, Проф. Д-р Цветан Грозданов, Археолог Паско Кузман, Проф. Д-р Павле Митрески, Проф. Д-р Драги Ѓорѓиев и Доц. Д-р Никола Митровиќ – Бабе, вели за OhridPress режсерот Пиперкоски, кој додава дека по 5 години работа, илјадници снимки и часови и часови монтажа е горд на документарецот за градот во кој е роден и во кој пораснал.
Телевизиската премиера на „Охрид градот на светлината“ ќе биде на 1-ви мај со почеток во 17:45 часот на првиот канал на националната МТВ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива