февруари 26, 2018

Охрид, 26. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) -Дел од општинската администрација се запозна со значењето на SymbioCity пристапот при урбанистичко планирање и развој.

Преземтацијата ја одржаа Лилјана Јоноска и Биљана Анѓелоска од Секторот за урбанизам  при општина Охрид, по стекнатото искуство од  учеството на  првата  работилница во Белград.

На присутните им беше укажано дека SymbioCity пристапот е метод, концептуална рамка   којшто ќе најде примена за овозможување локална демократија и холистички урбан развој на Охрид.

26_02_2018_PREDAVANJE_URBANIZAM_3

Двете охриѓанки се единствените претставнички од Македонија на тренинг програмата  што ја организира Интернационалниот центар за Локална демократија од Шведска. Покрај нив на обуките учествуваат претставници од  Србија,Украина и Турција. По првата работилница одржана неодамна во Белград, дваесетте  учесници поделени во осум работни тима ќе земат учество во уште четири работилници кои ќе се реализираат  во наредниов период. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука