Охрид, 16. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид се одржа состанок за програмата за родова еднаквост на Обединетите нации.
Присуствуваше менторката за воведување на родов пристап во локалните политики и буџет, од телото на Обединетите Нации за родова еднаквост – US Women, Марија Ристеска, општинскиот координатор Татјана Палоска, советничките Рената Арнаудова и Еленора Куноска од Комисијата за еднакви можности и Кети Росиќ од Секторот за ТЛЕР.
На состанок беше договорено дека на една од наредните седница на Советот на општина Охрид, ќе биде формирана Интерсекторска група за родово одговорно креирање на политики и буџет, во рамките на локалната самоуправа.
Работниот состанок значи операционализирање на воспоставената соработка од август оваа година, кога беше потпишан Меморандумот за соработка. За успешно реализирање на овие активности веќе е изработена Програма за работа за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2018 година. (Крај)
извор/фото: Општина Охрид