Скопје/Охрид, 25. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Еколошкото движење „За Почиста Македонија“ неодамна го објавиви TrashTour: The Movie!, краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните за време на проектот TrashTour кој беше спроведен од 24-ти до 29-ти август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип.
„За Почиста Македонија“ е еколошко движење кое се појави во 2020 година со цел преку активно дејствување да ги инспирира и мотивира граѓаните да се активираат во решавање на проблемите со несовесно фрлање ѓубре и да ја преземат одговорноста во свои раце. TrashTour е проект кој имаше за цел да го прошири ова движење и надвор од Скопје.
– Овој филм има едукативен карактер и има за цел позитивно да влијае врз целокупниот менталитет и апатијата која граѓаните ја имаат према проблемите со ѓубрето, но и да испрати порака дека промени во ова поле се можни доколку граѓаните се активираат кон нивно остварување. Медиумската покриеност од ваша страна би помогнала оваа порака да се шири и би била од големо значење за општественото добро, потенцираат од „За Почиста Македонија“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива