октомври 8, 2017

Охрид, 8. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охрид 8-миот октомвриски ден го пречека облеан во сонце, кое граѓаните максимално го искористија за да „ги наполнат батериите“ во пресрет на ладните денови кои се пред нас.

Иако со релативно ниски температури, градот и денес блесна на сонцето, кое охриѓани, но и гостите го искористија за утринска прошетка покрај езерото. Галебите и лебедите, само ја надополнија убавата слика.

ohrid0810172 vodostojМетеоролозите за денес најавуваат променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен засилен северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 14. степени.

– Следува период на стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло. Утринските температури утре изутрина во некои од повисоките места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес/Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука