октомври 8, 2019

Охрид, 8. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Следната година на почтокот од септември, Охрид ќе биде домаќин на КОМЕН Медитеранскиот Куп на отоврени води, потврди Медитеранската пливачка федерација.

Во серијата настани предивдени за следното лето натпреварувањето во нашиот туристички центар ќе биде во две возрасни категории, за пливачи родени 2004/05 кои ќе се борат на пет километри и за оние родени 2003/04 кои ќе пливаат на 7,5 километри. Ќе има и мешано штафетно натпреварување.

Со КОМЕН Медитеранскиот куп ќе биде затворена пливачката сезона во која во Охрид традиционално се одржуваат неколку настани на отворени води. (Крај)

извор: Екипа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука