Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид денеска ќе се одржи меѓународен Таеквондо турнир во организација на Македонската Таеквондо федерација и Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид.
Учество е најавено од околу 200 натпреварувачи од Република Македонија и регионот. Станува збор за првиот турнир во Македонија во новата натпреварувачка сезона 2024/2025 година.
– Ве покануваме да уживате во Таеквондо магијата и заедно да ги бодриме нашите борци, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 258