Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – “Дестинацијата како бренд” е темата на Втората конференција од областа на туризмот, со меѓународно учество.
Меѓу градовите домаќини е и Охрид. Конференцијата ќе се одржува од 15-ти до 18-ти јуни, а покрај Охрид, опфатени се и Струга, Поградец и Корча.
Организатор е Балканската асоцијација на хотелиерите – БАХА со поддршка на Македонската хотелската асоцијација – ХОТАМ и Хотелската асоцијација на Албанија.
Според најавите, на конференцијата ќе присуствуваат претставници од туристичкиот сектор, национани асоцијации и членови на влади од регионот.
Присутните ќе дискутираат и дебатираат околу предизвиците во брендирањето на дестинациите, потоа за значењето на хотелскиот бренд за дестинацијата и за гастрономијата како основа на брендирањето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива