Охрид, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претстојниов викенд во Охрид ќе се одигра завршниот турнир во ракометната женска кадетска конкуренција (генерација 2000 и помали).
Натпреварите ќе се одиграат во недела, во спортската сала “Билјанини извори“.
Од 11 часот е првиот полуфинален натпревар помеѓу Металург и Лихнид 2012, а од 12.45 силите ќе ги одмерат Куманово и Вардар СЦЈС. Натпреварот за бронзен медал е од 18 часот, додека финалниот меч е закажан за 19.45 часот.
Организатор на Фајнл Фор турнирот е екипата на Лихнид 2012. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21