Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 14-ти до 17-ти септември во Охрид ќе се одржува четвртиот Конгрес на офталмолозите на Македонија, со меѓународно учество.
Свеченото отворање е во четврток, 14-ти септември, во хотелскиот комплекс „Метропол – Белви“.
Поканети се 36 предавачи, а ќе учествуваат 300 офталмолози од Европа и Балканот. Во фокусот ќе бидат новините во офталмологијата, новите хирушки методи и техники, дијагностичките постапки и широката развојна експанзија на технологијата во современата офталмологија.
Во рамките на конгресот ќе се одржи и посебен симпозиум со предавачи од Европската асоцијација за катаракта и рефрактивна хирургија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 71