Охрид, 24. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Порталот Expatistan објави податоци од своето истражување за најскапите градови во светот. Охрид и Скопје, се меѓу поевтините градови во светот, но најскапите во Македонија.
Порталот пишува дека едно дневно предвидено мени за бизнис деловните луѓе може да се добие за 200 денари, исто толку би платиле доколку се храните во сандвичарница, додека за поединечна храна, треба да издвоите некој денар повеќе или помалку.
На пример, половина килограм обезкостено пилешко месо чини 150 денари, просечно еден литар млеко е 50 денари, пакување од 12 јајца е 120 денари, еден килограм домати чини 40 денари, а 500 грама сирење од домашно производство е во просек 300 денари, итн..
Во делот на одвојувањето средства за ќирија, треба да одвоите околу 30 илјади денари за стан со површина од 85 метри квадратни, а за греење за истиот тој стан месечно би потрошиле околу 9 илјади денари.
Порталот Expatistan ги истражувал и секторите облека, средства за лична хигиена, забава и превоз. Па, така, на пример, еден пат фармерки чини 1.800 денари, 1 литар нафта е 83 денари, за лекови месечно би ви биле потребни 300 денари и ако сакате да посетите кино проекција, за две лица би платиле 300 денари.
Освен Скопје и Охрид, истражувани се уште три македонски градови, Велес, Гостивар и Прилеп. (Крај/М.М.)
извор: Супер радио фото: Супер радио