Охрид, 5. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Да се развиваат и поддржуваат сите спортови. Фудбалот, ракометот и останатите спортови веќе се сериозна препознатливост на градот, но мора да се направат напори да се вложи повеќе и да се охрабри и бизнис секторот да инвестира во спортот, порачуваат од Независната советничка група „Охрид има План Б“.
– Акцент да се стави на водните спортови, затоа што сепак Охрид е град на вода. Враќање на пливањето, ватерполото, маратонското пливање… За ова е неопходно конечно отворање на затворениот базен, за што мора да се направи детален план и координација со централната власт. Ова мора да го постигнеме заедно, за новите охридски спортски херои… Да вложиме во иднината на нашите деца. За здрава младина, за спортот во Охрид… Охрид има иднина, Охрид има План Б, порачуваат од советничката група. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива