Охрид, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од чествувањата по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа предводена од Претседателот на Советот на Општината Охрид, Перчо Божиноски се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во Градскиот парк.
Свежо цвеќе положија и останати претставници од јавниот и политичкиот живот од градов и државава.
Со повеќе активности, и оваа година, Општина Охрид го одбележува 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Во големата општинска сала беше промовирана втората книга „За македонистиката отворено“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Централната свеченост по повод празникот се одржа во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Се обрати претставник на Општина Охрид, а се одржа и богата културно-уметничка програма. Денот на Македонската револуционерна борба, се одбележува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива