јануари 19, 2017

Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го празнуваат празникот Богојавление – Водици, а Охрид е една од најчестите дестинации за туристите.

vodiciohrid2

vodiciohrid3

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

vodiciohrid4

vodiciohrid5

vodiciohrid6

Охридското пристаниште и чаршија беа исполнети со верници и претежно домашни туристи, кои го проследија Богојавленскиот чин.

vodiciohrid7

Петар Рупески денес повторно го фати Светиот крст во осветените води во Охрид. Ладното време и ниската температура на водата не ги поколеба верниците. Над 500 лица одлучија да се искапат во осветената вода и се обидат да го фатат светиот крст.

petarrupe2017Среќниот фаќач на крстот посака здравје и бериќет за себе, неговите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука