Скопје/Охрид/Љубљана, 5. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија втора година по ред го промовираше активниот туризам на саемот за туризам Natour Alpe Adria во Љубљана, Словенија.
Саемот заврши вчера, а на новинарите од Словенија, посебно на Здружението на новинари FIJET, интересот им го разбуди винската рута и планинскиот туризам, но изразија желба да ја промовираат и туристичката понуда на Скопје и Охрид.
Покрај активниот туризам, Агенцијата за туризам ја промовираше и традиционалната македонска храна и вино.
На саемот за туризам во Љубљана ко-егзибитор на штандот на Македонија беше тур-операторот Бадем Тур. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 51