Охрид, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува негативниот природен прираст во Охрид. Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците јули, август и септември се родиле 105, а починале 155 лица, односно се бележи прираст од -50.
И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 6, а починале 14 лица. Струга пак во третиот квартал од годинава бележи позитивен прираст, се родиле 109, а починале 98 лица.
Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 119 двојки, а имало 11 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле дури 163 бракови, а евидентирани се 5 разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови и разводи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17