Охрид/Струга, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и Струга деновиве се во знакот на карневалите по повод празникот посветен на Свети Василиј Велики и славењето на Стара нова година – Василица.
Во Вевчани денес глевниот дел од Вевчанскиот карневал, кој ќе заврши утре со традиционално палење на маските.
Во охридското село Куратица, утревечер ќе се случува Главната манифестација, проследена со бројни маски, музика, забава, средби на жителите, посетителите, но и туристи, кои ќе си посакаат бериќетна 2017 година. Утре низ средсело во Куратица ќе продефилираат годинешните маски. Како и секоја година, така и оваа, ќе бидат прогласени најдобрите маски во неколку категории. Посетителите ќе бидат послужени со вино, ракија и традиционалното јадење вареница.
Вечерва учесниците на манифестацијата ги посетуваат домовите, каде домаќините ги даруваат со пари, а домаќинките со домашни приготвени јадења.
Карневалот во Куратица, или народно познат како Курајчки карневал, како што велат од Здружението на граѓани „Св Василиј“, во последниве неколку години е во целосна кулминација, особено од 1998 година кога се формира Одборот за помасовна прослава на старата традиција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива