Охрид и Струга денеска од Горна Белица, двата града „под белината“
јануари 2, 2025

Охрид, 2. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Горна Белица… Охрид и Струга под белинава – напиша на објавата на фотографијата на својот профил на Facebook Дејан Пановски, вљубеник во Охрид и природата, екологист, кој со години се залага за заштита на природата, на природните вредности на Охридското Езеро и регионот.

Во селото е прекрасно сончево време, а двата града на прекрасното Охридско Езеро, и покрај најавите за сончево време, денеска останаа, како што напиша Пановски, „под белинава“.

Метеоролозите за денеска во Охрид најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.

– Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во останатите предели од дожд и ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Во сабота ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво со услови за појава на магла по котлините. Нови врнежи од дожд се очекуваат во вторник, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Дејан Пановски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука