Охрид и Струга доминираат во Билтенот на МВР: Закани, агресивно однесување, физички напад…
декември 29, 2024

Охрид/Струга, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени на територијата на Струга и Охрид доминираат во денешното издание на Билтенот на МВР. Регистирано е агресивно однeсување, закани, физички напад…

На 28-ми декември 2024 година, во 12:45 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, од 30-годишно лице од селото Боровец, одзедоа една ловна пушка и дозвола за истата. Тој, претходно во атарот на селото Нерези, упатил закани по живот кон 47-годишник од Вевчани, вработен ловочувар во „Црн Камен“ Вевчани кој во тој предел, вршејќи контрола, го затекнал со уште три други лица. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28-ми декември 2024 година, во 12:30 часот, на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, приведено е 50-годишно лице од струшкото село Биџево кој бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28-ми декември 2024 година, во 17:20 часот, при контрола во струшкото село Лабуништа, полициските службеници затекнаа лице од истото село, при нелегале истовар на дрва од товарно моторно возило, за кои, немал соодветна документација. Притоа, повикан е претставник на Шумската полиција од Струга со цел преземаање понатамошни мерки. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 28-ми декември 2024 година, во 16:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во селото Ново село, општина Дебрца, едно лице физички нападнало 53-годишник од селото Црвена вода. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28-ми декември 2024 година, во 22:00 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 35-годишно лице од Охрид кој претходно, бил агресивен и со остар предмет во рака, упатило закани кон сопственикот на објектот. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука