август 2, 2019

Охрид/Струга, 2. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и Струга синоќа беа вистински центар на забавата во овој дел на Европа, ако не и многу пошироко – ARTBAT настапија на Градиште, Paul Kalkbrenner пред „Еуротел“, а Steve Aoki во Касарна.

Cercle ги лансираше директно во ѕвездите, а Sun Produkcija го обезбеди настапот на ова ултра популарно дуо како хедлајнери на вториот викенд од првото издание на AMANET Festival 2019.

Најпознатото украинско електронско дуо го сочинуваат Артур и Батиш. Во моментов уживаат сериозна препозатливост на глобалната музичка сцена, а последните неколку години, овие искусни дј-и и продуценти од Киев, постигнаа неверојатен подем во својата кариера. Клучот на нивниот успех лежи во моќниот и инвентивен препознатлив звук кој го создаваат.

Image may contain: sky and outdoor

Еден од водечките продуценти на денешницата, симболот на Берлин како светска престолнина на современата електронска сцена – Paul Kalkbrenner го предводи јубилејниот Green Beach Festival #10! Уметникот на кој му успева да биде врвен и на андерграунд и на мејнстрим сцената во исто време, пристигна за прв пат во Македонија настапи синоќа во Струга.

СИТЕ ВО ОХРИД: Steve Aoki, четвртиот најплатен Dj во светот според Forbes вечерва во Охрид

Неповторливата вечер во Охрид синоќа ја надополни и Steve Aoki кој настапи во рамките на фестивалот Ohrid Calling. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука