август 6, 2019

Охрид/Скопје, 6. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и во 2018 година е рекордер по број на претставки за дивоградби од страна на поединци, правни лица и групи на граѓани пријавени во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Охриѓани 47 пати пријавувале неправилности, односно можни прекршувања на законот за градење и законот за просторно и урбанистичко планирање. Бројот на пријави од засегнатиот граѓански сектор се зголемува, а една година претходно тие биле 40, стои во извештајот од инспекторатот кој го доби „Фактор“.

Инспекторатот донел само пет управни решенија и едно решение за едукација во текот на целата 2018, а преку годината не била изречена ниту една казна, ниту пак била проследена прекршочна или кривична пријава за дивоградителите.

Подрачја со најголеми шанси за нови дивоградби, според евиденцијата на преставки до инспекторатот и податоците од локалните самоуправи, се Центар, Карпош, Чаир, Охрид, Куманово, Струга, Струмица, Бутел и Гостивар.

По добиени претставки од поединци, правни лица и група на граѓани надзорно инспекторите интервенирале во Гази Баба, Битола, Центар, Карпош, Чаир, Чучер Сандево, Маврово, Охрид, Прилеп и Свети Николе.

Во надзорите доминираат инспекциските контроли кај странските и домашните инвеститори во индустриските зони, градбите крај магистраните патишта, општините и приватните објекти, како и во два наврати кај охридското муфтивство на ИВЗ.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Фактор фото: архива

 

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука