август 21, 2019

Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос попладне од 17:00 часот на стадионот „Билјанини извори“ ќе играат против екипата на струмичка Беласица, во рамки на фудбалскиот Куп на Македонија.

Овој натпревар ќе дојде како одлична увертира за охридските фудбалери кои в сабота ги започнуваат мечевите од есенскиот дел во Втората лига Запад. Прв противник ќе им биде тимот на Велазерими 77 од Кичево.

По осум сезони, Охрид е повторно во второлигашкото фудбалско друштво. Во новата сезона тимот оди засилен со четворица фудбалери, Љупче Трпески, Александар Целески, Мартин Лекоски и Вецко Вренцоски и голманот од Победа, Даниел Котевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука