октомври 5, 2019

Охрид, 5. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на седмото коло во Втората македонска фудбалска лига – запад, ГФК Охрид Лихнидос утре игра во гости кај екипата на Вардар Форино.

Поради А репрезентацијата која следнава недела ќе настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година, натпреварот наместо денеска, ќе се игра утре, 6-ти октомври од 15:00 часот.

Охриѓани сеуште се на дното од табелата со само еден бод од минатонеделното реми со Лабуништа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука