Скопје/Охрид, 29. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и Кавадарци се градовите со најголем опфат на вакцинирани лица со првата доза против Covid-19, а најмала заинтересираност, пак, има во Струмица, Гостивар и Радовиш.
Во Охрид со прва доза се вакцинирале 63,9 отсто од граѓаните, во Кавадарци 64,3 отсто, во Гевгелија 61,4 отсто, а во Неготино 65,1 отсто.
Како што информираат од ресорното Министерство, помеѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.
Во Кичево, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод, Скопје и Тетово се вакцинирале од 40 до 50 отсто од граѓаните.
Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш, односно помеѓу 30 до 40 отсто. (Крај)
извор: мкд.мк фото: ОхридПрес