Охрид меѓу најзагадените градови во државата, вечерва измерени огромни 382.037 mg/m3 PM10 честички
декември 18, 2024

Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, вечерва покажуваат високо загадување на воздухот во Охрид.

Во 19:00 часот во Охрид се измерени PM10 382.037 mg/m3. Покрај во Охрид, високо ниво на загаденост е регистрирано и во Гостивар, Скопје, Струмица и Кавадарци.

Според надлежните, во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 mg/m3), се применуваат посебни препораки. Состојбата со квалитетот на воздухот според Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух може да се следи ОВДЕ.

Индекс за квалитет на воздух

Индексот за квалитет на воздух се користи за опис на квалитетот на воздухот на едноставен начин преку лесно разбирлива шема. Се заснова на средни часовни вредности на концентрациите на загадувачките супстанции, и дава карактеризација на квалитетот на воздухот.

Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.

Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во Европа (CITEAIR) (http://www.airqualitynow.eu/index.php)

Шемата соодветствува со нивоата на концентрација.

SO2 NO2 PM10 PM2.5 O3 CO
Многу високо 500- 400- 180- 110- 240- 20-
Високо 350-500 200-400 90-180 55-110 180-240 10-20
Средно 100-350 100-200 50-90 30-55 120-180 7.5-10
Ниско 50-100 50-100 25-50 15-30 60-120 5-7.5
Многу ниско 0-50 0-50 0-25 0-15 0-60 0-5

Концентрациите се во µg/m3 освен за CO каде што се во mg/m3

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука