Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Хипер маркетот на „Тамаро“, како дел од заедничките напори за општествено одговорно делување и заштита на животната средина, поставена е повратна вендинг машина за селектирање отпад.
На неколку локации во Охрид и Струга се поставени вакви вендинг машини, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“ на Скопско и нивните заложби за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.
Од компанија потенцираат дека постојано го следат фидбекот на своите потрошувачи во Охрид и Струга, во насока на зголемување на еколошката свест и одговорност меѓу граѓаните. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 79