Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преубавиот Охрид денеска на Бадник блесна во целата негова убавина.
Бројни посетители уживаат во него во празниците, а денеска имавме прекрасен сонцев ден, како совршена најава за големиот христијански празник Божик, Денот на Христовото раѓање.
Според метеоролозите до петок ќе се задржи стабилно време. Денеска во Охрид ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
Погледнете дел од денешната охридска убавина:
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 67