јануари 3, 2023

Охрид, 3. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид се наоѓа на половина од еден месец долгиот „празничен маратон“.

Истиот започна со празникот Св. Никола минатата година и се очекува да трае се’ до Богојавление Водици и Денот на рибарите, на 19-ти и 20-ти јануари 2023 година.

Ако исполнетоста со гости за време на новогодишните празници е показател за сезоната која е пред нас, тогаш туристичките работници можат да се надеваат на успешна година. За посетеноста секако придонесе и убавото време, кое „измами“ поголем број домашни гости да се одлучат за посета на Охрид, а градот подготви и соодветна музичка и забавна програма.

Поголема посетеност се очекува веќе викендов, за Божиќните празници, кога традиционално е зголемен бројот на посетители во градот под Самуиловата тврдина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука