Охрид, 21. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е на четврто место на државно ниво по број на активни случаи од COVID-19.
Според податоците на министерството за здравство моментално има 667 лица активни на вирусот. Охрид секојдневно го има во извештаите со регистрирани новозаболени. Заклучно со вчера месецов има 294 нови случаи, болеста ја победија 64, а починаа 15 пациенти.
Во однос на опфатот со вакцинација градов е при врвот по број на население со примена прва доза. Заклучно со 11-ти септември во Охрид прва доза вакцина против COVID-19 примиле 27.784 лица над 18 години, што е 62,3% од населението, со две дози се имунизирани 24.734 лица. Ова придонесе да нема големо оптоварување на болничките капацитети.
Министерот за здравство Венко Филипче постојано нагласува дека само со вакцинација е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени, особено што во есенските месеци луѓето повеќе ќе престојуваат на затворено. Најави дека се планира од октомври во угостителските објекти, во трговките центри и на настани на затворено да се дозволи влез само за целосно вакцинираните, со две дози, наместо како досега кога е доволна и потврда за една примена доза. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес