Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook страницата „Охрид, слики од минатото“, објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид од пред многу години.
Истата постарите ги потсетува на многу прекрасни моменти од стариот Охрид кој повеќе го нема. Локацијата е на Самуиловата тврдина, кај Горна порта, а според Климе Белко, кој ја сподели фотографијата, истата датира од 1930-тите години.
И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна поминато време во древниот Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1