Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Си беше некогаш Охрид, објавена е уште една ретка фотографија од Охрид од далечното минато.
– Еве колкав беше градот во почетокот на седумдесеттите години на минатиот век, нема СРЦ „Билјанини извори“, нема Спортска сала, нема затворен базен, кој и сега го нема, нема Охридати, нема згради начичкани како сардини во конзерва, нема многу работи, но има многу зеленило, напиша во објавата членот Milcho Georgievski, кој ја осподели фотографијата.
Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Си беше некогаш Охрид
Прочитано: 38