Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На популарната Facebook страница Охрид слики од минатото, објавено е прекрасно видео од Охрид и Охридското Езеро од далечната 1958 година.
Старите рибари, дрвените чунови, начините на кои се ловела рибата, мрежите, но и како изгледала црквата „Св. Софија“ во тоа време, стариот пат кон Св. Наум, како изгледале Градиште и манастирот Св. Наум…
Сето тоа во над 5 минути материјал, кој заедно со нарацијата на англиски јазик не носи многу години назад низ времето.
Станува збор за видео материјал, кој е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид слики од минатото
Прочитано: 57