Охрид, 17. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Талентираниот охридски фотограф Илија Богданоски сними серија фотографии од неколку локации во Охрид, направени со истиот агол и од истото место како стари фотографии од Охрид објавени во некои од популарните Facebook страници каде се објавуваат спомени од Охрид од минатото.
Денешната фотографија е од Facebook групата „Охрид кој веќе го нема“ и прикажува стара охридска куќа на улицата „Цар Самуил“, во стариот дел на градот во далечната 1927 година и денеска.
Илија Богданоски е еден од талентираните млади фотографи од Охрид, кој упорно и вредно црта со светлината и ги открива тајните на фотографијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Илија Богданоски
Прочитано: 30