Охрид, 6. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пештанецот Томислав Бакулески на неговиот профил на Facebook објави прекрасна фотографија од Пештани за која е наведено дека датира од далечната 1971 година.
– Мотел „Летница“, Пештани 1971 година. Убави спомени и зачетоци на туризмот во Пештани, напиша во описот на фотографијата Бакулески.
За OhridPress тој се сеќава дека мотелот имал 8 соби и 2 апартмани, како и рецепција и ресторан за 90 гости. Пред хотелот имало и дрвен мост од 12 метри.
Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Томислав Бакулески
Прочитано: 33