Охрид, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото е објавена интересна информација од далечната 1937 година за најстарата охриѓанка од тоа време, која доживеала неверојатни 120. години.
Станува збор за Доста Сиљаноска (Сиљановиќ), која била родена во 1816 година во Охрид, каде и се омажила. Во написот стои дека живеела умерено и никогаш не боледувала.
– Деновиве пред години. Напис од септември, 1937 година, напиша во објавата членот на групата Gjoko Zoroski кој ја сподели информацијата.
Уште едно сведоштво од далечното минато кое е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид слики од минатото
Прочитано: 339