Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Македонски стари слики/фотографии објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид некогаш.
За жал годината не е наведена, но и оваа фотографија, објавена од администраторот Tony Damevski претставува вистинско сведоштво за едно дамнешно време.
Интересно е што на делот по кејот скоро и да нема куќи на потегот кон сегашниот булевар „Туристичка“, а и планината во позадина е со многу малку дрвја и зеленило.
Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Македонски стари слики/фотографии
Прочитано: 50