Охрид, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Носталгија за охридската чаршија која беше автентична и препознатлива, стои во описот на фотографијата објавена во Facebook групата Патувања низ Македонија.
– Поплочена со бесценета калдрма од камен кој не се лизгаше ни на снег, ни на дожд. Со денешниот лик со „современи“ плочки излепени со гуми за џвакање, лизгави и недолични, изменет е автентичниот градски лик, напиша членот Зоран Димитриевски како опис на фотографијата.
За истата не е наведено кога е направена, но е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Патувања низ Македонија
Прочитано: 65