Охрид, 11. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На популарната Facebook страница Охрид кој веќе го нема, објавена е прекрасна фотографија, која според администраторите датира од 1936 година.
– Една убава фотографија на денес грдото и руинирано охридско пристаниште, направена најверојатно во 40-тите години на минатиот век. Инаку, пристаништето е изградено во 1936 година, напиша администраторот Милчо Георгиевски на објавата на фотографијата.
Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид кој веќе го нема
Прочитано: 141