Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид во далечната 1954 година беше домаќин на 4. падобранско првенство на Југославија, што тогаш предизвикало огромно внимание кај локалното население.
Првенството започнало на 5-ти јули 1954 година во организација на Воздухопловниот сојуз на Македонија, а учествувале претставници скоро од сите сојузи во републиките во поранешната држава.
Погледнете како изгледало првенството, но и Охрид пред многу години во прекрасното видео кое е вистинска временска машина, која не враќа во едно прекрасно време.
извор: ОхридПрес фото/видео: ТВ Архива МКД
Прочитано: 12