Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавен е прекрасен документарен филм од 1978 година, за хроничарот на Охрид и најстариот фотограф во градот Благоја поп Стефанија.
– Секој град си има свој хроничар кој низ просторот од незаборавот оттргнува делови од времето и им го продолжува векот. Охриѓанецот Благоја поп Стефанија е еден од тие кој низ објективот на неговите апарати го проследил животот, настаните и личностите од градот и неговата поблиска околина, се открива во филмот.
Погледнете го ова ретко сведоштво на градот во спомен на поп Стефанија, но и на едно време кое е далеку зад нас.
Доловени се и ретки снимки од градот од тоа време, кој си има свој посебен шарм и неповторлива убавина. (Крај)
извор: ОхридПрес фоот/видео: Охрид, слики од минатото