Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани да бидат гостољубиви со туристите, стои во Прогласот од општинската управа на градот Охрид од далечната 1934 година, кој го објави на неговиот профил на Facebook охридскиот историчар и архивист Никола Митровиќ- Бабе.
Во објавата во која стои дека е од 28. август 1934 година се наведува дека Охрид важи за еден од најгостољубивите градови.
– Ако охриѓани ја испочитуваат оваа молба, која во исто време е и наредба, гостите ќе понесат најубави спомени од Охрид, стои во Прогласот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Никола Митровиќ- Бабе
Прочитано: 70