Охрид, 11. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Патувања низ Македонија, членот Зоран Димитриевски објави прекрасна фотографија од Охрид од далечната 1969 година.
Во очи паѓа зеленилото, но и широчината на просторот. Паркот е убаво уреден и со многу цвеќе и зеленило, а забележително е и уредувањето на зеленото островче, кое денеска е повисоко и сосема поинаку уредено.
Фотографијата, која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Патувања низ Македонија
Прочитано: 53